• сабота, 21 декември 2024

Во крводарителна акција  во Дебар, собрани 39 крвни единици

Во крводарителна акција  во Дебар, собрани 39 крвни единици

Дебар, 21 март 2023 (МИА) - Дебарската општинска организација на Црвен крст, денеска ја спроведе втората редовна крводарителна акција за годинава, која според собраните крвни единци се оценува како една од најуспешните.Крводарителната акција беше реализирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, чија екипа  беше сместена во просториите на организацијата, при што за неколкучасовниот престој беа прибрани 39 крвни единици.- За да даруваат крв се пријавија педесетина граѓани, но поради разни причини, рака подадоа и течноста што живот значи ја даруваа 39. Она што посебно радува е фактот што добар дел од оние кои даруваа се млади, чиј број од акција во акција е сè поголем, што е последица на редовните предавања за значењето на крводарувањето што ги реализираме како организација, рече за МИА, Исни Телќиу,секретар на Општинската организација на Црвен крст.Според него во изминатиот период од годинава собрани се 96 крвни единици, што е 16 отсто од планираните 600 крвни едници колку што изнесува годишниот план.До крајот на годинава, додава, планирани се уште пет редовни и две вонредни акции. вт/дма/Фото: МИА

Остани поврзан