• сабота, 23 ноември 2024

Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца, стабилна состојбата по стартот на второто училишно полугодие

Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца, стабилна состојбата по стартот на второто училишно полугодие

Скопје, 27 јануари 2023 (МИА) - Од почетокот на второто полугодие од учебната година нема зголемување на бројот на прегледи и хоспитализации во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, информиарат за МИА од болницата каде моментно се хоспитализирани околу 40 деца со бронхопневмонија.

-Состојбата е мирна и стабилна. Иако е само првата седмица од второто полугодие. До петок идната седмица ќе видиме дали почетокот на вториот дел од учебната година ќе влијае на бројката на пациенти, коишто ќе дојдат во нашата установа,  изјави за МИА директорот на болницата „Козле“ Бесник Зеќири.

Зеќири потсети дека зголемен број на пациенти, помали и повозрасни деца, имале пред Новата година. бд/лв/

Остани поврзан