• петок, 10 мај 2024

Во Карбинци се реконструираат повеќе детски игралишта

Во Карбинци се реконструираат повеќе детски игралишта

Карбинци, 19 март 2024 (МИА) - Во тек е реконструкцијата на детското игралиште во карбинското село Долни Балван. Освен ова, ќе биде реконструирано и едно детско игралиште во селото Козјак, а детско игралиште со тартан подлога ќе добие и селото Таринци. Трите детски игралишта чинат 3,5 милиони денари.

- Продолжуваат градежните активности, конкретно се работи на неколку игралишта кои се согласно овој план и програма. Во Долни Балван овде ќе биде завршено и детското игралиште кое е предмет на реконструкција односно изградба. Ова детско игралиште, детско катче, ќе добие реконструирани реквизити и дел нови содржини, информира градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

Паунов најавува инфраструктурно уредување на општината со реализација на проекти поврзани со реконструкција на улици и патишта, нови спортски и детски игралишта. вдј/ар/

Фото: МИА

Остани поврзан