• вторник, 16 јули 2024

Во Карбинци се градат три игралишта

Во Карбинци се градат три игралишта
Карбинци, 23 септември 2022 (МИА) - Во три населени места во Општина Катрбинци се градат спортски игралишта. Од денеска се работи на спортско игралиште во село Крупиште, со што  се реализираат завршните активности од проектот за спорт и рекреација. Првиот од трите спортски терени се наоѓа во рамки на ПУ „Страшо Пинџур“ во секо Крупиште, каде денеска се поставуваше асфалтна маса. Второто спортско игралиште, пак, е во село Карбинци веднаш до постоечкиот зелен стадион, а асфалтна површина ќе добие и игралиштњто во село Кучица. Градоначалникот, Виктор Паунов вели дека  таму, бидејќи станува збор за планински предел, асфалтната површина ќе служи за рекреација, но и за одвивање на традиционални свечености и обичаи на жителите, што е на нивно барање. -Денеска продолжуваме со градежните активности овде во општина Карбинци. Имено, денес асфалтираме два спортски објекта коишто претходно ги најавивме. Во овој момент сме во село Крупиште, го завршуваме ова мало спортско игралиште во рамките на училишниот двор. Понатаму продолжуваме во село Карбинци, оној втор објект којшто го реконструираме, исто така мало спортско игралиште. А во текот на утрешниот ден ќе продолжиме и на оној трет објект, а тоа е асфалтна површина во село  Кучица во плачковичкиот дел. Со овој проект се надевам дека ќе ги подобриме можностите за спорт и рекреација, а издвоивме 3.000.000 денари од буџетот на Општина Карбинци, истакна Паунов. Според  Паунов, ваквите проекти треба да ги подобрат спортските можности во населените места на територија на Општина Карбинци и со тоа да бидат од корист на жителите. вдј/

Остани поврзан