Во карбинското село Крупиште се реконструира игралиште
- Целосно се реконструира и обновува детското игралиште во село Крупиште.

Штип, 10 октомври 2023 (МИА) - Целосно се реконструира и обновува детското игралиште во село Крупиште.
Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов денеска истакна дека станува збор за игралиште кое доби нова тартан подлога, детски реквизити, а е на барање на жителите. Посочи дека во него инвестираат еден милион денари, средствата се од буџетот на Општина Карбинци.
-Овде добиваме еден реконструиран нов детски и забавен парк во центарот на село Крупиште со што за кратко време и реквизитите ќе бидат обновени. Ова е целосна инвестиција на Општина Карбиници и е во рамки на проектот за реконструкција на детски игралишта со вредност од еден милиони денари, вели Паунов.
Тој најави дека наредниот период ќе се работи и на низа други проекти. Претходно беа уредени спортски игралишта во селата Долни Балван и Карбинци. вдј/мд
Фото: МИА