• петок, 21 февруари 2025

Во Кавадарци социјална услуга, помош и нега во домот

Во Кавадарци социјална услуга, помош и нега во домот

Кавадарци, 18 февруари 2025 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика, локалната самоуправа и Црвен крст - Кавадарци, го потпишаа новиот управен договор за подобрување на социјалните услуги во општината. 

- Оваа социјална услуга се реализира веќе четврта година по ред во партнерство со Црвен крст, во својство на давател на услугата. Се обезбедува помош при лична хигиена, облекување, мобилност во домот, хранење, користење тоалет, менување пелени, поддршка при чистење, посредување за поправки, перење, готвење, купување продукти, надворешна мобилност, земање медицинска терапија, активности од секојдневниот живот, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Оттаму појаснија дека се работи до 80 часа месечно, како поддршка за лица со намален функционален капацитет, кои не можат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата. 

- Услугата опфаќа над 100 стари лица, кои ќе ја добиваат помошта согласно правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги, помош и нега во домот - „Службен Весник на РСМ“ број 268/2019. Сите заинтересирани корисници кои имаат потреба од нега во сопствен дом, може да се обратат во просториите на Црвен крст, додадоа од кабинетот на Јанчев. свд/бд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан