Во Кавадарци се одржа манифестацијата ,,Сите на велосипед"
- „Сите на велосипед“, е насловена манифестацијата што денеска се реализираше во Кавадарци, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт, со поддршка на Општината.
Кавадарци, 27 мај 2025 (МИА) - „Сите на велосипед“, е насловена манифестацијата што денеска се реализираше во Кавадарци, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт, со поддршка на Општината.
- Станува збор за традиционална манифестација на која учество зедоа околу 600 ученици од основните и средните училишта заедно со своите наставници по физичко образование, спорт и здравје. Целта е да се зголеми активноста и придобивките од спортското живеење на младата популација, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Оттаму соопштија дека манифестацијата била проследена со богата лотарија, а главната награда била нов велосипед. свд/сст/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев