• сабота, 06 јули 2024

Во Кавадарци се одбележува детската недела

Во Кавадарци се одбележува детската недела
Кавадарци, 3 октомври 2022 (МИА) - По повод детската недела, под мотото „Другарството е дел од детската среќа“, денеска во просториите на општина Кавадарци, на средба со градоначалникот Митко Јанчев, беа дечињата од ЈОУДГ „Рада Поцева“, објект „Снежана“, придружувани од дел од воспитно - згрижувачкиот кадар.
-Дечињата му ги презентираа на градоначалникот детските права и обврски, преку интерактивни рачно изработени пораки и се запознаа со кабинетот и работата на градоначалникот и локалната самоуправа. Во рамките на оваа недела, секој ден ќе има активности проследени со музика, хуманитарна акција, музичка точка на градскиот плоштад и спортски ден, информираа од кабинетот на Јанчев. свд/сст/

Остани поврзан