Во Кавадарци реконструиран покрив на училиште, асфалтирана улица, дограден кејот
- Реконструиран е покрив на училиште, асфалтирана улица, дограден кејот во Кавадарци, информираа денеска од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 2 декември 2024 (МИА) - Реконструиран е покрив на училиште, асфалтирана улица, дограден кејот во Кавадарци, информираа денеска од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Улицата „Борис Кидрич'“ е целосно асфалтирана. Асфалтирањето беше на површина од 700 квадратни метри, како дел од програмата за комунална изградба за 2024 година. Изведувач на работите беше фирмата Изолација ДОО Скопје, соопштија од Кабинетот на градоначалникот.
Оттаму известија дека во завршна фаза е доградбата на кејот на реката Луда Мара, од кај земјоделско шумарското училиште и зградите „Белка“, до кавадаречката Општа болница. Притоа нагласија дека со пуштањето во употреба, ќе се добие комплет шеталиште на потегот од селото Ваташа до населбата Глишиќ.
Од Кабинетот на Јанчев додадоа дека во завршна фаза е и реконструкцијата на покрив во Основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето“.
- Интензивно се работи на реконструкцијата на покривот, која опфаќа замена на стариот кровен покривач од азбест, цементни табли со нов покривач од сендвич панел, со исполна од минерална камена волна. Инвестиција е од МОН, а изведувач на работите е фирмата Ибо од Прилеп, информираа од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник. свд/мд/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев