• понеделник, 23 декември 2024

Во Кавадарци промовирана програмата за тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер“

Во Кавадарци промовирана програмата за тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер“

Кавадарци, 6 септември 2023 (МИА) - Богата фестивалска програма со многу настани за сите генерации, беше најавена денеска на прес-конференција во Кавадарци, посветена на тридневната стопанско - културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“, што ќе се одржи на 8, 9 и 10 септември.

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека се очекува масовна посетеност, нагласи дека се е подготвено, за успешно и безбедно да се реализира настанот. Јанчев се заблагодари на сите што даваат поддршка на манифестацијата.

- „Тиквешки гроздобер“ е традиција, а традицијата треба да се негува и збогатува, нагласи градоначалникот, информирајќи дека Општината во организирањето учествува со пет милиони и триста илјади денари, а околу шест милиони се донации.

На „Тиквешки гроздобер“ ќе има и вечер посветена на Никола Бадев и филм за Васил Хаџиманов.

Активностите стартуваат во петок со кошаркарски турнир „Сестри Китеви“ во  С.Ц. „Јасмин“. На агендата се и возење со туристичкиот воз и детски фестивал, концерт на „Музичка младина“,  настап на „Акустико бенд“ и „Трио гранде бенд“, Андријана Јаневска, Слаткаристика и Зера, презентација на филм за Хаџиманов.

Сабота е ден со настан посветен на баронот на народна музика Никола Бадев, мото рели, карневал, настап на „Трио манифико бенд“, „Акустико лајт бенд“, Барбара Ракичевиќ, Мартија Станојковиќ,  Харис Џиновиќ и Халид Бешлиќ.  

Во недела, на програмата се изложба на олд тајмери, таблијада, детски карневал, изложба на дела од скулптурот Слободан Милошевски, настап на „Галакси бенд“, „Харизма бенд“, Лина Пејовска, Дарко Лазиќ и Лепа Брена. свд/бд/

Фото: Општина Кавадарци

Остани поврзан