Во Кавадарци промовирана книгата ,,Со солзи по патот на судбината" од Диме Ристов - Кана
- Книгата „Со солзи по патот на судбината" од Диме Ристов - Кана, беше промовирана синоќа во Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе". Станува збор за автобиографско дело, за животот на едно посвоено дете и предизвиците со кои се соочувало тоа дете и патот низ кој се градела неговата личност низ времето.
Кавадарци, 19 април 2024 (МИА) - Книгата „Со солзи по патот на судбината" од Диме Ристов - Кана, беше промовирана синоќа во Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе". Станува збор за автобиографско дело, за животот на едно посвоено дете и предизвиците со кои се соочувало тоа дете и патот низ кој се градела неговата личност низ времето.
Актерот Диме Коцевски, зборувајќи за авторот и делото, нагласи дека станува збор за книга што остава голем впечаток, има добар материјал за еден преубав игран филм.
Издавач на книгата е градската библиотека „Феткин". Директорот на оваа културна установа, Петар Гурев, како промотор, рече дека даваат поддршка на авторите и литературните дела, па и на оваа автобиографија. Гурев нагласи дека книгата предизвикува изобилство на емоции.
- Радувајте се на животот, дарувајте љубов и среќа, животот не е играчка во рака, порача меѓу другото, самиот автор.
Извадоци од книгата, читаше Деспина Тодорова, ученичка во средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров". свд/дма/
Фото : МИА