• петок, 20 март 2026

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Сега партнерите на Мицкоски добиваат ‘директен линк’ за своите семејни фирми во Развојната банка“, изјави Јон Фрчкоски на прес-конференција. Фрчкоски предупреди дека „ова е класичен конфликт на интерес“, наведува СДСМ во денешното соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Тој нагласи дека „во исто време Димовски имаат семејни фирми“, посочувајќи дека „Ефимија е сопственик на ‘Херба Натура’ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект ‘ХН Соларис’“.

„Воспоставување на олигархиска структура на ВМРО-ОКГ каде државните институции служат како сервис на една тесна бизнис-групација околу Мицкоски“, рече Фрчкоски.

Поставувањето на Димовска на чело на Развојната банка значи директно влијание врз „кредитни линии и финансирање на енергетски проекти“, што отвора сериозен ризик од судир на јавниот и приватниот интерес.

„СДСМ бара итно повлекување на Ефимија Димовска од функцијата и соодветна реакција на ДКСК и останатите надлежни институции.“  рече Фрчкоски.

Институциите мора да постапат и да го спречат претворањето на Развојната банка во продолжена рака на хидро-бизнис мрежата на Мицкоски и неговите партнери.

Фото: СДСМ

Остани поврзан