• понеделник, 23 декември 2024

Во Кавадарци одбележан денот на лицата со оштетен вид

Во Кавадарци одбележан денот на лицата со оштетен вид

Кавадарци, 15 октомври 2024 (МИА) - Во Кавадарци беше одбележан денот посветен на лицата со оштетен вид. Претседателот на Здружението што ги обединува лицата со оштетен вид, Коце Јанков, се осврна на соработката што ја имаат со останатите здруженија во државата и активностите што ги организираат.

Секретарот во Здружението, Благоја Јошев рече дека имаат скромна соработка со Општината, нагласи дека е потребно некои работи да се поправат во градот. Тој истакна дека е неопходна подобра усогласеност на звучните семафори во градот, за потребите на овие лица.

Со лицата со оштетен вид, денеска се сретна и пратеничката Весна Ѓорѓиева, која се интересираше за потребите што ги имаат овие нејзини сограѓани и за тоа како може да се зголеми поддршката за нив. Таа изрази спремност да даде максимум од своите можности, да им се олесни животот на лицата со оштетен вид. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан