• среда, 13 ноември 2024

Во Кавадарци обука за дефинирање на индикатори за квалитет на воздухот

Во Кавадарци обука за дефинирање на индикатори за квалитет на воздухот

Кавадарци, 6 февруари 2024 (МИА) - Обука за дефинирање на индикатори за квалитет на воздухот се одржа денеска во Кавадарци, на која беа присутни претставници на пет општини во кои се спроведува еколошки проект. 

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека Општина Кавадарци сериозно се зазема за намалување и спречување на загадувањето на воздухот, се работи на повеќе проектни активности. Тој додаде дека се даваат субвенции за набавка на велосипеди, клима уреди, за поеколошко горива и слично. Тој нагласи дека, исто така, се работи на проектни активности при кои брикети од остатокот од лозови прачки при кроење на винови лози се употребуваат за загревање на подрачно селско училиште, споредбено со загревање со дрва за огрев, за се направи компаративна разлика. 

На средбата беше кажано дека се спроведуваат и обуки за унапредување на квалитетот на воздухот, има и други мерки, а во иднина ќе има и кофинансирање од општините. Во рамки на проектот обезбедени се и опрема и уреди во функција на животната средина. 

- Станува збор за проект за справување со загадувањето на воздухот поддржан од УНДП и со шведска финансиска поддршка. Се спроведува во општините Кавадарци, Струга, Струмица, Куманово и Гостивар. Од големо значење е за сите општини. Ова е вистинскиот начин како да се намали или спречи загадувањето на амбиенталниот воздух. Се мери квалитетот на воздухот и ќе се изготви анализа за тоа од каде доаѓа загадувањето на воздухот, појасни Јанчев. 

Тој рече дека Општината има склучено договор и со МАНУ, се работи на студија, за можноста од топлификација на Кавадарци. свд/


Фото МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан