Во Кавадарци „Комуналец“ претстави ново возило за перење улици
- Ново возило за перење улици, цистерна, беше презентирано денеска во кругот на јавното претпријатие „Комуналец“ во Кавадарци.
Кавадарци, 6 мај 2025 (МИА) - Ново возило за перење улици, цистерна, беше презентирано денеска во кругот на јавното претпријатие „Комуналец“ во Кавадарци.
- Се работи за цистерна за перење на улици, машински и рачно, од 8.000 литри. Возилото е марка „мерцедес“, произведено 2025 година со ЕУРО 6 стандарди за заштита на животна средина, појасни директорот Гоце Ангеловски.

Доброто работење на комуналното претпријатие и континуираното унапредување на машинскиот парк за подобра комунална грижа за општината беше поздравено и од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и од претседателот на кавадаречкиот општински Совет, Стојанче Рамов. свд/мд/
Фото: МИА