• петок, 17 мај 2024

Во Кавадарци започна изградба на Дневен центар за лица од ранливи категории 

Во Кавадарци започна изградба на Дневен центар за лица од ранливи категории 
Кавадарци, 20 февруари 2023 (МИА) - Во Кавадарци започна изградба на Дневен центар за лица од ранливи категории на граѓани, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 
 
- Општина Кавадарци започна со изградба на објект на улицата ,,7  Септември'', што ќе функционира како Дневен центар за лица од ранливи категории на граѓани. Вредноста на овој проект е 6.332.282,77 денари со ДДВ, од кои 35 проценти се средства од Бирото за регионален развој, а 65 отсто од буџетот на кавадаречката локална самоуправа, соопштија од кабинетот на Јанчев. 
 
Изведувач на работите е компанијата ,,Градба промет". свд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан