• петок, 27 септември 2024

Во кавадаречката болница изведени две ендоскопски операции

Во кавадаречката болница изведени две ендоскопски операции

Кавадарци, 27 септември 2024 (МИА) - Две ендоскопски операции беа успешно изведени денеска во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци од страна на тимот доктори,  Тони Нешковски специјалист по уролошка хирургија и проф. д-р Јован Ивчев, информираат од кавадаречката болница. Оттаму појаснија дека станува збор за трансуретрална ресекција на тумор на мочен меур и бенигна хиперплазија на простата.

- Со цел проширување на услугите што ги пружаат нашите лекари на Гинеколошко акушерско одделение, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци известува дека почнувајќи од 20 септември, во нашата здравствена установа  има можност да се користат услугите на лекар специјалист гинеколог – акушер, вработени во Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје, соопштија од Болницата пред осум дена. 

Со оваа достапна оперативна услуга, појаснија,  пациентите веќе нема да мораат да патуваат и ваквите услуги да ги бараат во останатите клиники надвор од Кавадарци.

- ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност на чело со директорката и менаџерскиот тим, ќе работи и понатаму за воведување на нови процедури и дијагностики со една единствена цел, навремено дијагностицирање и третирање на пациентите. 
Затоа што задоволни и здрави пациенти се нашата мисија, нагласија тогаш од Болницата. свд/

Фото : Фејсбук на Болница Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан