• сабота, 21 декември 2024

Во кавадаречката библиотека донирани книги на Брајово писмо за лицата со оштетен вид 

Во кавадаречката библиотека донирани книги на Брајово писмо за лицата со оштетен вид 

Кавадарци, 4 декември 2023 (МИА) - Во кавадаречката градска библиотека „Феткин“ денеска беа донирани книги на Брајово писмо за лицата со оштетен вид од страна на Зружението на слепи и лица со оштетен вид.

Во библиотеката беше реализиран настан за одбележување на почетокот на месец ноември, кој во интернационални рамки е во знакот на лицата со попреченост.

Активностите „Феткин“ ги организираше во соработка со Здружението на слепи лица и лица со оштетен вид и Основното општинско училиште „Тоде Хаџи - Тефов“.

- По тој повод се имплементираше работилница на тема „Човекови права и потребите и можностите на слепите лица“. Работилницата беше наменета за ученици од петто одделение кои беа запознаени со можностите и потребите на слепите лица, беа запознаени со сите помагала со кои се користат овие лица и имаа можност да постават прашања на членовите од Здружението, за сите препреки со кои се соочуваат овие лица во секојдневниот живот, појасни директорот на библиотеката, Петар Гурев, информирајќи дека ќе направат посебно катче за овие книги во установата. 

Од здружението изразија благодарност за донацијата и ја нагласија континуираната соработка со библиотеката. 

Гурев соопшти дека библиотеката потпиша и Меморандум за соработка со Здруежението на одделенски наставници - Учител, Македонија. Со овој меморандум, како што нагласи,  ќе отпочнат со планирање на заеднички активности во периодот што следува. свд/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан