• сабота, 16 ноември 2024

Во Италија приведени 202 осомничени членови и помагачи на Ндрангета

Во Италија приведени 202 осомничени членови и помагачи на Ндрангета
Рим, 1 септември 2022 (МИА) - Во денешната рација на италијанската државна полиција, карабинерите и финансиската полиција во градот Козенца приведени се 202 осомничени членови и помагачи на мафијата Ндрангета. Тие се уапсени под обвинение за членство во мафијашка организација, шверц на дрога, обложување измама и перење пари, меѓу другите обвиненија. Според италијанските медиуми, меѓу приведените се и локални бизнисмени и политичари, вклучително и градоначалник и некои високи функционери. Полицијата заплени недвижен имот и предмети во вредност од над 72 милиони евра. Ндрангета, чие седиште е во Калабрија, е една од најголемите италијанска мафијашка организација, која има доминантна улога во меѓународната трговија со дрога. ми/

Остани поврзан