• недела, 22 декември 2024

Во италијанскиот град Месина уапсени се 112 лица поради трговија со дрога

Во италијанскиот град Месина уапсени се 112 лица поради трговија со дрога

Палермо, 25 јуни 2024 (МИА) - Полицијата во градот Месина во јужна Италија уапси 112 лица осомничени за шверц на дрога и други кривични дела во голема акција спроведена во Сицилија, Калабрија и Ломбардија.

Судот во Месина задржа 85 уапсени во притвор, а 27 се пуштени во домашен притвор, а се осомничени за здружување со цел лишување од слобода, трговија, одгледување и продавање наркотици, перење пари, недозволено носење оружје, изнуда и други кривични дела, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Уапсените се осомничени и дека се поврзани со криминални структури во Калабрија, Ломбардија, Сицилија, како и во странство. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан