• вторник, 05 ноември 2024

Во Иран за една недела второ апсење на израелски шпиони

Во Иран за една недела второ апсење на израелски шпиони
Техеран, 28 јули 2022 (МИА) - Во Иран се уапсени пет лица под обвинение дека биле дел од наводната израелска шпионска мрежа, објавија денеска иранските медиуми. Тоа е второ апсење шпиони во Иран во рок од една недела. Лидерот на мрежата и четворица негови соработници се уапсени поради што биле „поврзани со израелскиот режим“ и наводно во контакт со шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, за која „собирале информации од важни и витални области“. Полуофицијалната Иранска работничка новинска агенција (ИЛНА) објави дека шпионска мрежа е обвинета за подметнување пожар и била обучена да врши терористички акти и саботажа, а за своите активности добивала пари и поседувала „напредна опрема“, мобилни телефони и сим-картички. Не е соопштена националноста на осомничените шпиони. ми/

Остани поврзан