• петок, 05 декември 2025

Во израелски воздушни напади загинаа осум лица во Појасот Газа

Во израелски воздушни напади загинаа осум лица во Појасот Газа

Каиро, 15 март 2025 (МИА) - Палестинските лекари велат дека во израелските воздушни напади врз северниот град Бејт Лахија, во Појасот Газа, денеска загинале најмалку осум лица, вклучително и локалниот репортер, Махмуд Ислам, кој управувал со дрон.

Палестински претставник, пак, рече дека израелската забрана за внесување гориво ќе го спречи работењето на десетици бунари ширум јужниот град Рафа, со што ќе се намали снабдувањето со вода за пиење.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан