• понеделник, 23 декември 2024

Во израелските воздушни напади за 24 часа загинаа 10 либански цивили

Во израелските воздушни напади за 24 часа загинаа 10 либански цивили

Бејрут, 15 февруари 2024 (МИА) - Бројот на цивилни жртви во вчерашните два израелски воздушни напади врз Либан се искачи на десет, објавија денеска либанските државни медиуми.

Ова е најголем број на жртви во еден ден во прекуграничните конфликти кои траат повеќе од четири месеци.

Либанскиот екстремистички Хезболах вети дека ќе се одмазди за нападите во кои беше погоден градот Набатиех и село во јужен Либан, неколку часа откако проектили истрелани од земјата убија Израелка на служење воен рок.

Во градот Набатиех, дел од зграда се урна во израелски напад, при што загинаа седум членови на исто семејство, меѓу кои и едно дете, објави државната Национална новинска агенција.

Момче кое прво беше прогласено за исчезнато било пронајдено живо под урнатините. Според првичните информации, загинале четири лица.

Во селото Суанех загинаа една жена и нејзините две мали деца. Меѓу жртвите има и шест жени и три деца, а загинале и тројца борци на Хезболах.

Денеска владините институции, училиштата и либанскиот универзитет се затворени во знак на протест поради воздушните напади.

Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант телефонски разговараше со неговиот американски колега Лојд Остин за заканите и нападите на Хезболах.

Галант рече дека Израел нема да толерира напади врз своите граѓани и дека ќе обезбеди враќање на раселените граѓани од северот, како и дека е подготвен да го стори тоа преку дипломатски или воени средства. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан