• среда, 24 јули 2024

Во избирачкото место 1844 во Струга до 13 часот гласале 30 отсто од регистрираните гласачи

Во избирачкото место 1844 во Струга до 13 часот гласале 30 отсто од регистрираните гласачи

Струга, 22 мај 2024 (МИА) - Речиси 30 отсто е излезноста до 13 часот во избирачкото место 1844 во Струга во прегласувањето на вториот круг од Парламентарните избори 2024 година.

Заменик претседателката на Општинската изборна комисија Деспина Влаќеска за МИА информира дека до 13 во ова избирачко место гласале 234 лица од регистрирани 755 гласачи.

Прегласувањето на ова избирачко место утрово почна навреме, во 7 часот и гласањето се одвива непречено. сс/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан