• недела, 22 декември 2024

Во завршна фаза проектот за загуби на вода меѓу „Водовод и канализација“ – Скопје и Водовод Будимпешта

Во завршна фаза проектот за загуби на вода меѓу „Водовод и канализација“ – Скопје и Водовод Будимпешта
Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје по потпишување на Меморандумот за соработка со Водовод Будимпешта, изработи проект со кој, во март минатата година аплицираше за грант преку инструментот „Western Balkans Green Center“ (WBGC), основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан. Проект стигна до финалната фаза од реализацијата на работните активности. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, проектот е насловен како „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во Скопје, главниот град на Северна Македонија“. Проектот е финансиран од WBGC, во висина од околу 122.000 евра. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека во изминатиот период, реализицијата на проектните активности се одвиваше во неколку фази во кои беа опфатени консултативни средби, определување на зона за испитување и изработка на анализи врз основа на достапни податоци. Во втората половина на мај почна завршната фаза во која беа опфатени теренските активности во определената зона за испитување Трнодол и Жданец. Во овој период зоната, во која влегуваат Трнодол и Жданец, се приспособи за изведување на мерењата со кои ќе се детектира промена на протокот на водата во системот, односно загуби на вода. Приспособувањето на зоната се изведе со поставување на специјализиран тип на опрема на неколку клучни точки, преку која се овозможува детектирање на загубите на вода. Откако заврши инсталацијата на специјализираната опрема, во текот на оваа недела тимовите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Водовод Будимпешта и Аквакуст Будимпешта, пристапија кон изведување на контролните мерења во кои се опфати ноќно мерење на проток на вода во затворен систем и дневно звучно мерење. Како што се посочува во соопштение на претпријатието, по успешното изведување на мерењето следува изработка на извештаи и анализи во насока на зголемување на ефикасноста на водоснадувањето, зголемување на енергетската ефикасност, намалување на загубите на вода и ефектите на климатските промени. Инсталираната опрема во зоните Трнодол и Жданец, останува во сопственост на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за понатамошна употреба и продолжување на ваквиот тип на мерење. - Горд сум што и во услови на криза, не дозволивме застој во работењето и продолживме со вложување напори и ресурси за подобрување и унапредување не само на работните процеси и услугите кои се насочени кон нашите корисници, туку и кон заштита на расположливите природни ресурси, во нашиот случај водата за пиење, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Според Весковски, успешната реализација на проектните активности од овој проект, размената на искуства меѓу тимовите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Водовод Будимпешта и Аквакуст Будимпешта, бенефитите за граѓаните се само дополнителна мотивација за да продолжат да се движат во оваа насока. бт/сп/

Остани поврзан