• сабота, 06 јули 2024

Во завршна фаза доградбата на училиштето „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче

Во завршна фаза доградбата на училиштето „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче
Скопје, 13 јули 2021 (МИА) - Во завршна фаза е изградбата на новите четири училници, во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче во општина Аеродром. Капиталниот проект опфати изградба на приземје и кат, односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето. -Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето, туку ќе се реши и деценискиот проблем, со што конечно ќе може да се укине третата смена во наставата, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин. Општина Аеродром соопшти дека ќе остане фокусирана на најмладите и на обезбедувањето најдобри услови за нивно образование. -Досега се реновираа сите основни училишта, а во тек е изградбата на целосно новиот објект на ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, со што учениците од овој дел на Аеродром ќе добијат современо училиште по цели шест децении, се наведува во соопштението на Општината. бт/дма/

Остани поврзан