• сабота, 06 јули 2024

Во завршна фаза доградбата на детската градинка „23 Август" во Берово

Во завршна фаза доградбата на детската градинка „23 Август
Делчево, 23 април 2021 (МИА) - Во завршна фаза е доградбата на детската градинка „23 Август" во Берово. Активностите се релизираат во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети", преку кој, како што информираат од Општината, градинката ќе добие четири нови занимални.
-Доградбата на детската градинка „23 Август", во Берово е во завршна фаза, по што таа ќе ги добие потребните капацитети и ќе биде проширена со четири нови занимални. Со тоа децата од предшколска возраст, во Берово ќе добијат ново катче, каде  ќе можат да уживаат, да учат и да се едуцираат, по сите модерни и современи стандарди, истакнаа од Општината.
Овој проект, како што додадоа, е избран како приоритет на партиципативен начин преку одржаните форуми во заедницата.
-На овој форум граѓаните, со мнозинство гласови донесоа одлука да биде реализиран токму овој проект. Со неговата реализација Општина Берово, уште еднаш докажа дека се грижи за сите свои граѓани, почнувајќи уште од најмала возраст, додадоа од Општината.
Вкупната вредност на проектот е 4,4 милиони денари, од кои 2,6 милиони денари се обезбедени преку проектот „Зајакнување на општинските совети", а останатите 1,6 милиони денари, се обезбедени преку општинскиот буџет за 2021 година. вс/сст/

Остани поврзан