Во експлозија во зграда во Латакија загинаа 16 лица, меѓу кои и жени и деца
- Цивилната одбрана во објава на својот канал на Телеграм објави дека меѓу загинатите има пет жени и пет деца, покрај 18 ранети, меѓу кои и шест деца, пренесе сириската агенција САНА.

Дамаск, 16 март 2025 (МИА) - Во експлозија во четирикатна станбена зграда во областа Ал Рамл, во сирискиот пристанишен град Латакија, загинаа 16 лица, меѓу кои жени и деца, соопштено е денеска откако Сириската цивилна одбрана ја заврши операцијата за пребарување и спасување.
Цивилната одбрана во објава на својот канал на Телеграм објави дека меѓу загинатите има пет жени и пет деца, покрај 18 ранети, меѓу кои и шест деца, пренесе сириската агенција САНА.
Во соопштението на Цивилната одбрана се наведува дека станбената зграда се урнала поради експлозијата што се случила синоќа во продавница за старо железо во приземје на зградата.
Според првите извештаи, експлозијата ја предизвикало лице кое се обидело да демонтира експлозивни направи останати од војната.сд/
фото:МИА архива