• петок, 05 декември 2025

Во Демир Капија средба на невладини организации за јакнење на граѓанскиот сектор

Во Демир Капија средба на невладини организации за јакнење на граѓанскиот сектор

Демир Капија, 26 август 2025 (МИА) - Средба на невладини организации за јакнење на граѓанскиот сектор, се реализираше попладнево во просториите на Општина Демир Капија. На средбата беше кажано дека активностите се во рамките на проектот „ЕУ поддршка за граѓански ресурсен центар“, што се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

- Целта ни е поддршка на граѓански локални организации, здруженија и фондации, особено од помали места. Организираме обуки, работилници, споделуваме информации, вршиме менторски сесии, презентираме повици за грантови за локални организации, спроведуваме и најразлични други настани, во интерес на заедницата, рече Валентина Величковска од Граѓански ресурсен центар.

Таа подвлече дека ова е всушност Мобилен ресурсен центар што е активен на терен и работи со невладини организации и активисти, граѓани што сакаат да се здружуваат за општото добро на сите.

Таа додаде дека преку информативни и едукативни проекти, им посочуваат на сите заинтересирани за можноста за вмрежување и искористување на најразличните повици за финансирање.

- Истовремено, во локалните средини се интересираме и околу тоа колку локалните самоуправи ги поддржуваат невладините организации, колку младите се активни и имаат можности за активно вклучување во донесување на одлуки и слично, нагласи Величковска.

Таа истакна дека секогаш се отворени за соработка со граѓанските организации.

Проектот го спроведуваат Фондација Граѓански ресурсен центар, МЦМС,  Асоцијација „За демократски иницијативи“ од Гостивар и Медија плус од Штип. свд/aa/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан