• петок, 05 декември 2025

Во Делчево одржана Јавна консултација за Регионалниот план за управување со отпад

Во Делчево одржана Јавна консултација за Регионалниот план за управување со отпад

Делчево, 20 ноември 2025 (МИА) - Во Делчево денеска беше презентиран Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС), изработени во рамките на проект финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“.

На презентацијата беше истакнато дека целта на јавната консултација е да обезбеди транспарентност, активно учество на јавноста и можност локалната заедница да ги изрази своите мислења и предлози во процесот на дизајн и имплементација на новиот интегриран систем за управување со отпад.

-Регионалниот план ги утврдува стратешките цели, инфраструктурата и активностите потребни за воведување современ, одржлив и ефикасен систем за управување со отпад, во согласност со националните и европските политики и еколошки стандарди. Паралелно, Стратегиската оцена ја анализира потенцијалната влијание врз животната средина и предлага мерки за намалување на негативните последици, но и за подобрување на вкупните ефекти од новиот систем, беше истакнато на презентацијата.

На јавната презентација присуствуваа градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски, градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова, претставници од Советот на Општина Делчево, претставници на јавните институции и ЈКП „Брегалница“, како и голем број заинтересирани граѓани. вс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан