• недела, 22 декември 2024

Во Делчево завршна презентација од проектот Мотивационо градинарство во склад со природата

Во Делчево завршна презентација од проектот Мотивационо градинарство во склад со природата

Делчево, 20 јануари 2023 (МИА) - Во Делчево одржан завршниот настан од проектот за Мотивационо градинарство спроведен од Здружението на производители на органски производи „Аронија". Активноста е дел од  ЕУ проектот „Овозможувачка средина и отпорност на граѓанските организации“. 

Во рамки на завршната презентација како што информираше Фиданчо Христов, претседател на здружението Аронија, учествуваа околу 50 заинтересирани лица како и сопственици на зелени имоти кои се вклучени во начините на производство на храна со моделите на перма култура. 

-Во рамки на проектот беа одржани седум обуки чиј видео материјал е поставен на веб страницата на здружението. Исто така беа направени 100 анкети на домаќинстава за селекција на растителниот отпад и негово значење во производство на био храна. Потоа беа изработени седум контејнери за собирање на растителниот отпад од домаќинства. Контејнерите ќе бидат отстапени на Јавното комунално претпријатие Брегалница за да се врши селекција на растителниот отпад и да се врши произвдство на храна, рече Христов.

Беше презентирана публикацијата Прехрана на растенијата во скалд со природата.

-Очекувам дека оваа публикација ќе придонесе да ги намали трошоците на земјоделците за купување на средвства за заштита и прехрана на растенијата бидејќи сите средства се прават од природни ресурси кои се на дофат на природата, додаде Христов.

Во наредниот период, како што додаде, ќе биде подготвена платформа која ќе има за цел да ги обедини сите производители на зелени имоти со перма култура, на која со поддршка на експертот Билјана Бановиќ ќе се презентираат и надоградуваат знаењата од оваа област.

Проектот започна да се имплементира од месец јули 2023 година, а официјално ќе заврши во февруари 2024 година. Партнери во проектот се ЈКП „Брегалница" и Средното општинско училиште „Методи Митевски - Брицо" чии ученици учествуваа на сите седум обуки и добија сертификати. вс/вг/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан