• вторник, 30 април 2024

Во Делчево во првиот круг од претседателските избори 14.490 граѓани ќе можат да гласаат на 36 избирачки места

Во Делчево во првиот круг од претседателските избори 14.490 граѓани ќе можат да гласаат на 36 избирачки места

Делчево, 22 април 2024 (МИА) - Во Делчево в среда на Претседателските избори 2024, право на глас имаат вкупно 14.490 лица кои ќе можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места. Ден претходно во домашни услови ќе гласаат вкупно 160 болни и изнемоштени граѓани кои претходно се пријавија во ОИК и им беше одобрено барањето за гласање во домашни услови, соопштија од Општинската изборна комисија.

-Од вкупно пријавените 178 одобрени се 160 барања за гласање во домашни услови, на останатите им се одбиени барањата, што значи дека тие ќе имаат право на глас, на самиот ден на изборите, соопштија од ОИК.

Од Општинската изборна комисија во Делчево очекуваат усшешни избори.

-Во меѓувреме денес попладне во просториите на Општинската изборна комисија во Делчево пристигна доверливиот изборен материјал. Стручни служби на ДИК изготвија записник и материјалот го предадоа во рацете на членовите на ОИК, додадоа од Општинската изборна комисија во Делчево 

Со тоа, како што посочијa исполнети се сите услови за беспрекорен прв круг од претседателските избори. вс/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан