• недела, 22 декември 2024

Крмов од Штип: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање

Крмов од Штип: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање

Штип, 30 парил 2024 (МИА) - Носителот на листата за пратеници на Левица во ИЕ 3, Борислав Крмов денеска даде поддршка на  протест на пензионерите во Штип. Крмов првенствено ја посочи незавидната ситуација во која се наоѓаат македонските пензионери. 

-Имаме тука ситуација да таа додатна помош од социјалата, којашто ја добиваат, сега, всушност, им е скратена. Власта се фали дека наводно им помогнала. Пензионерите јасно и гласно кажаа: значи, покачување линеарно на сите од 3.500 денари до 5.000 денари! Минимална пензија од 18.000, дури и 20.000 денари. Тие живеат со 12.000 денари и сега на тие 12.000 земале по 2000 - 3000 денари од социјалата како дополнувањеа, како помош и сега тоа е скратено на пола. Замислете, тие пензионери со тие примања немаат ни за храна. Нив, нивните деца им плаќаат сметки и храна, за да преживеат. Јас и како пратеник во ИЕ3 имав апсолутна поддршка за пензионерите за сите нивни барања, рече Крмов.

Тој додаде дека Левица во својата Програма има мерки за подобрување на квалитетот на живот на пензионерите. 

-Според Програмата на Левица, минималната пензија е две - третини од просечната плата; државни пензионерски домови за пензионерите и намалување на годините за пензионирање, 60 години - за жени и 62 години - за мажи, изјави Крмов. вдј/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан