• четврток, 04 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Дебар утревечер второ запрашување против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите

Во Дебар утревечер второ запрашување против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите

Дебар, 22 јули 2025 (МИА) - Општина Дебар информираше дека од утре, во 18 до следниот ден во 6 часот наутро, ќе се реализира второто програмско запрашување против комарци на подрачјето на Општината.

-Тоа, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа против епидемиска мерка, велат од Општината.

Запрашувањето со апарат за УЛВ ладно запрашување ќе го вршат екипи на Друштвото за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ кои ќе спроведат теристичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците.

-Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарско Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата. Поради тоа, се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, порачуваат од општината.

Во случај на појава на неповолни временски услови, како ветар, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Првата ваква акција беше реализирана во средината на минатиот месец, кога во рамки на програмата на општина Дебар за заштита од разни заразни и паразитски заболувања, што ги пренесуваат глодарите, се реализираше првата фаза на дератизација (третман против стаорци) во градот. вт/дма/

Фото: Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан