• среда, 15 јануари 2025

Во Дебар укината рестрикцијата во водоснабдувањето

Во Дебар укината рестрикцијата во водоснабдувањето

Дебар, 3 септември 2024 (МИА) - Од денеска укината е рестрикцијата во водоснабдувањето во Дебар, воведена на 18 јули.


-Од денеска нормално е снабдувањето со вода за пиење, по 47 дена од воведувањето на  рестрикцијата. На тоа бевме принудени, откако нашите апели таа рационално да се користи беа попусти. Корисниците продолжија со злоупотреба на водата за пиење, за наводнување зелени површини, градини, миење на дворови па дури и тротоари и улици пред секоја куќа, изјави за МИА Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Управата на „Стандард“, кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, воведе рестрикција во населбите „Венец еден“ „Венец два“ „Тараник“ „Ќернаница“ и главната улица во градот „8 септември“ и тоа во период од 13:00 до 16:00 часот.

-На овој начин, обезбедувавме вода за другите делови на градот, каде што поради нискиот притисок, поради злоупотребата, вода немаше речиси во текот на целиот ден, додаде Каба.

Според него, моментно во главниот резервоар во градот пристигнуваат над 130 литри вода во секунда.

Дебар со вода за пиење се снабдува од изворите во малореканското село Росоки, преку водоводот Росоки-Дебар, но и селата Долно Косоврасти и Рајчица, низ кои минува водоводот, а од кракот што се издвојува кај Мелнички Мост и дел од општина Центар Жупа. вт/

Фото:  МИА



Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан