• понеделник, 23 декември 2024

Во Дебар и Центар Жупа 37 болни и изнемоштени лица се пријавени за гласање

Во Дебар и Центар Жупа 37 болни и изнемоштени лица се пријавени за гласање

Дебар, 17 април 2024 (МИА) - Во општините Дебар и Центар Жупа, до синоќа на полноќ, до кога беше и законскиот рок, за гласање на 24 април, на претседателските избори, пријавени се 37 болни и изнемоштени лица.

Гледано одделно во општина Дебар, како што потврди за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија пријавени се 32 лица.

Според Неџип Илјаз, претседател на ОИК-Центар Жупа во оваа општина се пријавени пет болни и изнемоштени лица.

Барањата, додаваат тие, ќе бидат разгледани по што ќе се знае точниот број, но имајќи го искуството од претходните изборни циклуси, бројката на овие лица ќе биде идентичен на пријавените, кои правото на глас ќе го остварат на 23 април.

Инаку во единствениот избирачки список во Дебар се запишани 19.334 гласачи додека во Центар Жупа 7.383 граѓани. Ќе се гласа на 27 односно 16 избирачки места. вт/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан