• вторник, 14 јануари 2025

Во Дебарско малку деца - суројчари, но ја продолжија традицијата

Во Дебарско малку деца - суројчари, но ја продолжија традицијата
Дебар,14 јануари 2021 (МИА) - Многу малку по број, но сепак децата суројчари ја продолжија традицијата присутна со векови во Дебарско. Во Дебар и во Река суројчарите кои може да се избројат на прстите на едната рака, ги посетија православните домови и на домаќините им посакаа среќна и бериќетна година. Децата во рака држат суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец. -Откако ја отвораме вратата децата не „удираат"по глава и пеат „Сура,сура година, до година повесели...“, по што ги даруваме со пари, но и со благо, костени и ореви. Денеска домаќинките подготвуваат пита или како што ние го викаме виткан комат,со паричка,која каде ќе се падне се верува дека носи среќа цела година, вели Јованка Гигоска. За разлика од некогаш кога на овие простори живееле поголем број православни жители само во градот имало по повеќе од десет групи,составени од по десеттина деца, последните години оваа традиција ја продолжуваат најмногу две групи, од по четири до пет деца. Лани во градот беше само една група составена од шест деца, а годинава само со две. Поради состојбата со Ковид-19 и мерките за заштита синоќа жените во Дебар не кршеа василичарска погача, традиција од пред околу три децении.вт/бт/

Остани поврзан