Во Дебарско зачестија кривичните пријави за узурпација на недвижности
- За нецели десеттина дена дебарското одделение за внатрешни работи поднесе три кривични пријави против жители на општината, поради узурпација на недвижности и бесправна градба.

Дебар, 7 март 2025 (МИА) – За нецели десеттина дена дебарското одделение за внатрешни работи поднесе три кривични пријави против жители на општината, поради узурпација на недвижности и бесправна градба.
-Денеска поднесена е кривична пријава против Р.А.(71) од дебарското село Бањиште поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на февруари годнава, тој узурпирал дел од катастарска парцела во село Бањиште во државна сопственост и изградил станбен објект без да поседува соодветна документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Деновиве, додава тој, кривична пријава поднесена беше против Г.Г. (59) од Дебар, кој на катастарска парцела во дебарската населба „Венец“, неовластено присвоил државно градежно земјиште во вкупна површина од 2385 метри квадратни и поставил бодликава жица и дрвени колци во висина од еден метар, со што противправно се се стекнал со имотна корист во износ од околу 4.722.300 денари.
Претходно кривична пријава беше поднесна против Р.К.(47) од Дебар за „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење. Тој на катарстарска парцела на улица „Елена Ѓика“ (главна улица во градот, поранешна 8 септември) извршил доградба на деловен простор без одобрение за доградба, што е спротивно на Законот за градење.
Минатата година поднесени беа десеттина кривини пријави за узурпација на градежно земјиште во државна споственост покрај брегот на Дебарското Езеро, кај градската плажа, како и во месноста Манастирец, попознато како „три чешми“. вт/
Фото: МИА