• понеделник, 23 декември 2024

Во дебарската гимназија, во прва година, запишани само 37 ученици

Во дебарската гимназија, во прва година, запишани само 37 ученици
Дебар,  23 јуни 2022 (МИА) - По трите пријавувања од првиот, јунски, уписен рок, во дебарската гимназија „28 ноември, во прва година,  предвидената квота од 272 ученика пополнета е само за 13,6 отсто, потврди за МИА, директорот Рамадан Имери. Според него запишани се 37 ученици, од нив 14 за настава на македонски и 23 на албански наставен јазик. -Сакам да го нагласам фактот дека имаме над 100 ученици кои сакаат да се запишат во нашата гимназија, но, проблемот беше онлајн запишувањето. Чекаме насоки од МОН како понатаму да постапиме. Предложив запишувањето да биде како  претходните години, со непосредно доставување на пријавите. Убеден сум дека ќе наидеме на разбирање, додава Имери. Инаку, врз основа на конкурсот на МОН, во оваа образовна институција, можност за упис во прва година имаат 272 ученика, во осум паралелки, од кои три, со 102 ученика, со настава на македонски и пет, со 170 ученици на албански наставен јазик, сите гимназиска насока. Тоа значи дека за вториот уписен рок, кога пријавување на учениците ќе биде на 22 август до 24 часот, слободни се 88 ученички места за настава на македонски и 147 на албански наставен јазик. вт/сст/

Остани поврзан