• понеделник, 23 декември 2024

Во Грција се зголемува додатокот за секое родено дете

Во Грција се зголемува додатокот за секое родено дете

Атина, 22 јануари 2024 (МИА) – Додатокот за првородено дете во Грција од 2.000 се зголемува на 2.400 евра, додека пак за две или повеќе деца се движи од 2.700 до 3.500 евра, мерки кои денеска ги соопштија министрите за национална економија и семејство Костис Хаѕидакис и Софиа Захараки како дел од владината иницијатива за поддршка на семејствата, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемениот еднократен додаток ќе важи за сите деца родени по 1 јануари 2023 година, висината е во зависност од бројот на децата и ќе го добива мајката со годишен семеен приход до 40.000 евра.

Според надлежните министерства, постоечката мерка чини 150 милиони евра и се однесува на приближно 75.000 новородени годишно, а со зголемувањето на додатокот се зголемуваат и трошоците за 45 милиони евра годишно и 90 милиони евра за 2024 година, со оглед на тоа дека ќе се исплати додаток и за минатата година.

Мерката се однесува на околу 35.000 семејства со едно дете, 32.000 семејства со две деца, 6.600 со три деца и 1.400 семејства со над три деца.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на социјалните мрежи напиша дека поддршката на семејствата за нив е главен приоритет. ср/паг/

Остани поврзан