• четврток, 01 август 2024

Во Грузија стапи во сила контроверзниот закон за странски агенти

Во Грузија стапи во сила контроверзниот закон за странски агенти

Тбилиси, 1 август 2024 (МИА) - Во Грузија денеска стапи во сила Законот за транспарентност на странско влијание или Законот за странски агенти, кој предизвика големи контроверзи.

На почетокот на неделава парламентарната опозиција во земјата поднесе барање до Уставниот суд за суспендирање на законот.

Законот ги обврзува невладините организации и медиумите кои остваруваат повеќе од 20 отсто од приходите од странство да се регистрираат во Националната агенција за јавен регистар. Законот наведува дека избегнувањето регистрација како организација која ги следи интересите на странска држава предвидува парична казна од 25.000 лари (повеќе од 9.000 американски долари).

Законот беше донесен на 14 мај, а процесот беше проследен со низа протести во земјата. Претседателот на Грузија, Саломе Зурабишвили стави вето на овој чин, но подоцна пратениците го усвоија со мнозинство гласови.

Точниот број на невладини организации во Грузија не е познат, но претседателот на владејачката партија Грузиски сон, Иракли Гарибашвили, рече дека ги има околу три илјади, од кои огромното мнозинство, како што рече, работат со помош на странска финансиска помош. ссм/

фото: архива

Остани поврзан