• вторник, 10 септември 2024

Бела куќа: На денешната размена на затвореници меѓу Истокот и Западот не се разменети парични суми,

Бела куќа: На денешната размена на затвореници меѓу Истокот и Западот не се разменети парични суми,

Вашингтон, 1 вгуст 2024 (МИА) - Никакви парични суми не се разменети денеска како дел од најголемиот договор за размена на затвореници меѓу Истокот и Западот од Студената војна што се случи денеска, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Тој додаде дека договорот не предвидува олеснување на санкциите во замена за ослободување на приведените лица.

САД работеа на тоа Русија да го ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални пред тој да почине во притвор, изјави денеска Саливан.

„Работевме со нашите партнери на договор кој би го вклучил Алексеј Навални, но за жал тој почина“ во февруари под неразјаснети околности во затвор на Арктикот, изјави советникот за национална безбедност на американското претседателство.зш/
фото ЕПА

Остани поврзан