• петок, 22 ноември 2024

Во градинката „Ангел Шајче“ од четврток забранет прием на невакцинирани деца со вакцина против пертусис

Во градинката „Ангел Шајче“ од четврток забранет прием на невакцинирани деца со вакцина против пертусис

Куманово, 12 март 2024 (МИА) - И надлежните од кумановската градинка „Ангел Шајче“ ја добиле одлуката од Министерството за здравство дека се забранува прием и пристап на невакцинираните и некомплетно вакцинираните деца со ДиТеПер вакцина, соопштија денеска од градинката. Од установата информираат дека на сите влезови од објектите е објавена одлуката, родителите се информирани преку учителките, раководителите на објектите.

- Во текот на вчерашниот ден и изутринава имаме и најава од државниот санитарен инспекторат дека ќе имаме вонредна инспекција. Ние сме подготвени, затоа што секое дете има досие во кое за да склучи договор со установата мора да направи лекарски преглед, потврда од лекар и картонот од имунизација стои во досието. Одлуката ќе се применува од четврток. Денеска ниту едно дете ниту утре нема да биде вратено, но родителите за да знаат да се подготват, да се организираат кој ќе се грижи за нивните деца кои се невакцинирани затоа и се остава реално простор од два дена за да можат родителите да се организираат, бидејќи од четврток децата кои не се вакцинирани или нецелосно ќе бидат вратени од установата, изјави директорката на установата, Марина Алексовска.

Дел од родителите реагирале дека нивните деца имаат потврди од лекари дека не смеат да примаат вакцина. Надлежните од кумановската градинка велат дека ќе следат насоките на стручните институции, инспекторатот, министерствата.

- Потврдата за вакцинален статус при склучување на договорот мора да го донесат тоа е регулирано со законот за заштита на деца. Во моментот имаме 1.790 деца, но имаме и 100 деца одобрени кои се од комисијата за прием, но сè уште немаат склучено договор затоа што најверојатно не се вакцинирани, додава Алексовска.

Во Куманово според последните податоци на институтот за јавно здравје има пет заболени лица од пертусис. Ниту едно од евидентираните деца заболени од пертусис не посетуваат градинка. ам/ир


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан