Во гимназијата во Центар Жупа 20 матуранти, од нив само тројца на македонски наставен јазик
- о гимназијата „АТА“ во Центар Жупа тековнава учебна година, средното обрзование го завршуваат 20 ученици, што е за 6 повеќе споредено со минатата учебна година.

Дебар, 6 март 2025 (МИА) - Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа тековнава учебна година, средното обрзование го завршуваат 20 ученици, што е за 6 повеќе споредено со минатата учебна година.
- Во нашата образовна институција имаме 20 матуранти од нив тројца на македонски наставен јазик, од нив еден е пријавен за државна и двајца за училишна матура. На турски наставен јазик се 17 од кои 15 се пријавени за полагање државна, додека двајца за училишна матура. Минатата учебна година, во нашата гимназија, средното образование го завршија 14 ученици, од нив само еден на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Сабри Асан директор.
Според Асан, првиот испит од матурата, мајчин јазик и литература ќе се полага на 31 мај.
- Минатата година завршените средношколци од Центар Жупа, матурските испити ги полагаа во просториите на дебарската гимназија „28 ноември“. До денеска, немаме одговор од Државниот испитен центар, дали полагањето ќе биде во Дебар или во предложената просторија во Центар Жупа, посочи Асан.
Во оваа гимназија во учебната 2024/ 2025 година настава следат вкупно 90 ученици на двата наставни јазика, што е далеку помала бројка споредено со онаа од пред една деценија.
Главната причина за се помалиот број ученици, како во средното така и во двете основни училишта, е масовната миграција. Во некоја од европските земји, главно во Италија, Германија и Швајцарија, се околу 70 отсто од поранешните жители на ова општина. вт/са/
Фото: МИА