• петок, 14 јуни 2024

Во Гевгелија се одржа етно перформанс „Од пастел, облекло“, преку живи скулптури невообичаено патување во минатото

Во Гевгелија се одржа етно перформанс „Од пастел, облекло“, преку живи скулптури невообичаено патување во минатото

Гевгелија, 14 јуни 2024 (МИА) - На сцената на Народниот театар во Гевгелија синоќа се одржа етно перформанс насловен како „Од пастел облекло“ преку кој девојки облечени во автентични македонски носии приредија невообичаено патување во минатото.

Секоја од девојките стоеше пред својата рамка и беше жива слика преку која се пренесуваа сите убавини на македонскиот фолклор.

Како што беше истакнато на отворањето на овој настан од директорката на Домот на културата „Македонија“, Мирјана Крстева Массети, девојките облечени во автентична носија од етничките предели во Македонија и со реквизити од традиционалниот живот на Македонците, учесничките во етноперформансот „Од пастел, облекло“ ги однесоа присутните на невообичаено патување низ минатото на современ начин.

Оваа поставка на живи, подвижни скулптури е проект на Етнокореолошкиот оддел при Домот на култура „Македонија“ и со неа беше затворена четиридневната богата културно-уметничка програма за чествување на патронот на Гевгелија, Спасовден.рт/са/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан