• понеделник, 25 ноември 2024

Во Гевгелија проекција на филмови од Европското патувачко кино

Во Гевгелија проекција на филмови од Европското патувачко кино

Гевгелија, 1 јули 2024 (МИА) - Во рамки на „Гевгелиско културно лето 2024“ изминатите два дена имаше проекција на филмови под отворено небо од Европското патувачко кино.

Како што соопштија од Општината, биле прикажани краткиот филм „Кутии“ во режија на Ангела Димеска, музичкиот документарен филм „Ефтеркланд: Македониум бенд“, „Паднати Лисја“ во режија на Аки Каурисмаки и „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ. Европското патувачко кино беше збогатено и со концерт на бендот „Дактили“ од Струмица, како и разговор со филмскиот критичар Златко Ѓелески и Ана Алексовска, продуцентка и режисерка.

Повеќе од прикажаните филмови се добитници на престижни филмски награди ширум светот и се израз на европската креативност и разноликост .

Инаку, „Гевгелиско културно лето 2024“ продолжува со голем број интересни и разновидни содржини во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија. Задутре на програмата е кoнцертот на Школата за гитара, под менторство на Костадин Динев. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан