• недела, 12 мај 2024

Во велешко пошумени 16,5 хектари

Во велешко пошумени 16,5 хектари
Велес, 27 април 2021 (МИА) - Во велешкиот поширок регион над селата Војница и Крнино пролетва се пошумени 15 хектари со млади листопадни дрвца со багрем и јасен. Тоа е во рамките на редовните активности за пошумување, информира за МИА, Љубинка Попова директор на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес под чија ингеренција се шумите во овој реон. Воедно оваа пролет се пошумени и еден и пол хектар над велешко езеро „Младост“ во реонот на Ветерско. Инаку најголемиот акцент ШС „Бабуна“ стави на есенското пошумување кое е поповолно за зафаќање на младите садници поради влагата во зима појаснува инжењерот по шумарство Попова. Тие изминатата есен пошумија повеќе стотина хектари во пошириот велешки регион и на опожарените површини над велешко езеро „Младост“. ад/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан