• петок, 10 мај 2024

Во Велешко одбележан празникот Св. Атанасиј

Во Велешко одбележан празникот Св. Атанасиј
Велес,31 јануари 2022 (МИА) - Цркви, манастири и параклиси во некои велешки села, кои се во рамки на Повардарската епархија денеска го одбележаа празникот посветен на Св. Атанасиј Велики. Во велешкото село Извор, во црквата „Св  Атанасиј“, која потекнува од 19 век се служеше свечена празнична вечерна богослужба, денеска се сечеше празничен колач од кумовите на славата, а имаше  и водосвет во присуство на  православни верници од селото и околните населени места. Празникот Св. Атанасиј денеска по традиција се славеше  и во истоимената црква од 17 век  „Св. Атанасиј“ која се наоѓа во центарот на  селото Теово, како и во истоимениот параклис во селото Лисиче. Во селото Свеќани, Општина Градско се наоѓа црквата „Св Атанасиј“ која потекнува од четворовангелието од 16 век, повторно изградена и живописана во 19 век, која е прогласена за споменик на културата, но за жал повеќе години наназад е во урнатини. Инаку централната прослава на Повардарска епархија со седиште во Велес по повод празникот „Св. Атанасиј“ денеска беше  во истоимената  црква во Неготино која целосно беше обновена во 2017 година. Таму света литургија денеска држеше митрополитот Повардарски Агатангел со бројното свештенство од Неготинската парохија.ад/вј/

Остани поврзан