• петок, 05 декември 2025

Во велешка Економска се поставува термоизолациона-енергетски ефикасна фасада

Во велешка Економска се поставува термоизолациона-енергетски ефикасна фасада

Велес,11 април 2025 (МИА) - Активно се работи на реконструкција на фасадата на училишната зграда на ОСУ „Јовче Тесличков" попознато како Економска. Реконструкцијата се врши со поставување на термоизолациони панели, информираат од Општина Велес.

Потенцираат дека  со новата термоизолациона фасада  во многу  ќе се подобрат условите за учење и ќе се постигне поголема енергетска ефикасност, односно заштеда на топлинската  енергија во ладните месеци,кога зградата се загрева со парно греење.ад/са/

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан