• четврток, 04 декември 2025

Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема

Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема

Велес, 22 мај 2025 (МИА) – Во Територијалната противпожарна единица во Велес синоќа во 20:35 часот имало дојава за пожар на куќа од удар на  гром на улица „Крали Марко“ бр. 17 во стариот дел од градот попознат како „Карпа Маале“, во близина на центарот на градот. Противпожарната единица веднаш интервенирала, а пожарот бил изгаснат во 21:55 часот. На местото на настанот веднаш дошла и медицинска екипа од Итна помош, а повредени нема, само една жена била вознемирена од настанот, информираат денеска за МИА од Службата на итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Како што утрово за МИА појаснија од ТППЕ Велес, во пожарот изгорел покривот кој бил разнесен од силината на громот, а изгореле и една соба со намаштај, но за среќа во несреќата  повредени нема.

Од ТППЕ Велес на интервенција излегле со две мали теренски возила џипови и едно големо противпожарно возило и седум пожарникари. Поради непристапниот терен за противпожарни возила, стрмни и тесни улици во овој дел од градот, пожарникарите биле принудени на пожарот на куќата  да интервенираат со противпожарни апарати.ад/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан